До денес, пет милиони унгарски граѓани биле целосно вакцинирани, па властите одлучија дека носењето маски веќе не е задолжително на јавни места.
Ова го објави премиерот Виктор Орбан во видео порака објавена на Facebook.
„Можеме да се збогуваме со нашите маски“, рече премиерот.
Тој додаде дека во последните неколку месеци е јасно дека „ако сакаме да го вратиме нашиот нормален, здрав, среќен живот, можеме успешно да се заштитиме од вирусот со вакцини“.
„Сега ја постигнавме таа цел“, напиша Орбан, заблагодарувајќи им се на сите што одлучија да ја примат вакцината.
Премиерот ги замоли сите што сè уште не биле вакцинирани да го сторат тоа.
Коментари
Loading…