in

ОФИЦИЈАЛНО: ВО ФЕВРУАРИ ПРИСТИГНУВА ВАКЦИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека првите дози од вакцината на Фајзер против ковид-19 во земјава ќе пристигнат во февруари, наместо во март како што првично беше соопштено. 

„Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината.
Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели“, напиша министерот на Фејсбук. 

Филипче додаде и дека наредните дози ќе пристигнат во март и април и посочи дека е ова е радосна вест и чекор напред кон победата на пандемијата. 

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote