in

Верстапен стартува на пол во Австрија, Норис веднаш зад него!

Ѕвездата на Ред Бул стигна до пол позиција во втората трка во Австрија, а Ландо Норис со неговиот Мекларен се најде на одличното второ место на гридот.

Норис покажа одлична брзина на вчерашните квалификации и беше за само 0.048 секунди поспор од Холанѓанинот. Вториот болид на Ред Бул со кој управуваше Серхио Перез ќе стартува на третата позиција, а веднаш зад него е директниот ривал на Макс за титулата, Луис Хамилтон.

Џорџ Расел го забележа својот најдобат настап во неговата кариера во Формула1 и ќе стартува од деветтата позиција. 23 годишниот Британец успеа да го внесе Вилиамс во третата фаза од квалификациите за прв пат во изминатите три години.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote