in

Што?Што?

ДАЛИ ВИ РАСТЕ СТОМАКОТ? Ако пиете многу, тогаш ќе мора да купите поголема гардероба

Ако пиете малку повеќе од половина литар пиво дневно, нема да добиете пивски стомак или да се здебелите.

 

Истражувањата покажуваат дека толку многу не влијае на складирањето на маснотиите во стомакот, но ако пиете повеќе од литар дневно и јадете претерано, не се чувствувате добро.
Ќе ви се прошири половината и ќе се здебелите, а тоа особено важи за мажите.

Умерено уживање во пивото не влијае на создавањето на пивскиот стомак, но таложењето на масното ткиво е последица на претераното јадење и пиење, пишува „Дејли мејл“.

Состојки
Пивото содржи повеќе од 90 проценти вода, така што може да се смета за корисно за придонесување во дневниот внес на течности. Не содржи масти, има ниско ниво на протеини, а јаглехидратите главно доаѓаат од јачменот.

Според експертите, за мажите е добро да пијат од три до шест децилитри пиво дневно, а за жените до три. Ако ги следите овие препораки, нема ризик од дебелеење или стомак.
Пивото има слична енергетска вредност како млекото и не содржи никакви скриени состојки кои би поттикнале зголемување на килограмите, особено не создавање на пивски стомак.

Причината за можната склоност кај пивопиите да се здебелат можеби лежи во тоа што со пивото се претера бидејќи се смета за течна храна, а познато е дека течните калории не даваат исто чувство на ситост како цврстата храна.

Списанието „Nutrition Review“ објави преглед на сите истражувања кои се занимаваа со консумацијата на пиво и зголемувањето на обемот и дебелината на половината како последица. Заедничко за сите нив е тоа што кога се пие пиво во умерени количини, нема опасност од создавање пивски стомак.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote