in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Зеленчукот МОЖЕ ДА ГО ЗАМЕНИ МЕСОТО: Оваа мусака е чист пример – ЗДРАВА е и ПОВЕЌЕ ОД ВКУСНА (РЕЦЕПТ)

Зеленчукот може да биде повкусен отколку што можеме да замислиме

Сакате брза и здрава вечера и немате идеи? Тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас – мусака од зеленчук.

Состојки:

– Два патлиџани – три домати – сол – масло – сирење – павлака

Подготовка:

Модар патлиџан и домат исечени на прстени. Посолете и оставете да отстои десетина минути, земете хартиена крпа за да ја соберете течноста што ја испушта патлиџанот. Намачкајте ја тавата со масло и наредете го модар патлиџан и врз него ставете го доматот, а потоа ставете ги прстените од модар патлиџан. Потоа истурете малку масло. Се пече во загреана рерна на 200 C околу 20 минути. Извадете го од рерна и врз него ставете го ренданото сирење или премачкајте со кисела павлака. Вратете се во рерна и печете уште десет минути.

Модар патлиџан има многу здравствени придобивки:

Го подобрува варењето, добар е за слабеење, за спречување на анемија, ги храни коските, мозокот, добро делува на срцето и дијабетесот. Од витамините најзастапени се витамините Б, најмногу Б1, Б3, Б6 и фолати. Но, она што го прави модар патлиџан храна со висока вредност не е неговата содржина на витамини и минерали, туку фитонутриенти кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote