Секој има свој рецепт за тесто за пица, но штом ќе го пробате овој рецепт – секогаш ќе го правите. Состојките веќе ги имате дома, а се подготвува за половина час!
Состојки:
- 300 гр брашно
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 2 дл топла вода
- 1 лажица шеќер
- 1/2 пакет свеж квасец (25 g) или 1 кесичка сув
Подготовка:
Растворете го квасецот со шеќер и маслиново масло во топла вода и добро измешајте. Во сад измешајте го брашното со солта, и кога квасецот ке се активира, додајте го исто така. Месете го тестото и оставете го да стаса (10-15 минути). Поделете го тестото на 4 топчиња, распоредете го секое на набрашнета површина, па филувајте го по желба. Печете на температура од 220 до 240 степени околу 15 минути.
Kvasecot ne saka maslo