in

WTFWTF Што?Што?

Во Чиле се отворила дупка длабока 200 метри (ВИДЕО)

Чилеанските власти истражуваат огромна дупка со дијаметар од 25 метри и длабока 200 метри, која одненадеж овој викенд се отворила во рударското планинско подрачје на таа земја.

Локалните медиуми прикажале снимки од дупката од воздух, која се наоѓа на имотот на компанијата “Лундин мајнинг”, на околу 665 километри северно од престолнината Сантијаго, јавува “Радио-телевизија Црна Гора”.

Националната служба за геологија и рударство дознала за појавата на дупката во саботата и веднаш упатила експерти на лице место.

„Многу е длабока, околу 200 метри. Не утврдивме што точно има на дното, но знаеме дека има многу вода“, вели директорот на службата Дејвид Монтенегро.

Целото подрачје е затворено, а во близина на дупката се наоѓа влезот кон рудникот “Аклапароса”.

„Лундин мајнинг“ наведува дека дупката не претставува опасност по животот на вработените и дека не влијае на нивните активности, но дека просторот околу неа е изолиран.

Од компанијата велат дека се врши техничка анализа за да се утврди причината.

„Најблиските домови се оддалечени на околу 600 метри, а првото населено подрачје на повеќе од еден километар од зоната на дупката“, навеле од компанијата.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote