in

На воена вежба по грешка погодија фарма за кокошки!

Во Италија, за време на воена вежба, фарма за кокошки беше случајно погодена од воен тенк.

Во тој инцидент биле убиени голем број кокошки, а причинета е поголема материјална штета.

Според агенцијата Анса, инцидентот се случил за време на ноќната вежба на бригадата „Позуоло дел Фриули“, на воениот полигон во близина на градот Виваро, еден час оддалечен од Венеција.

На почетокот, војниците не ни забележале дека погодиле дел од фармата. Сопствениците тоа го забележаа само наутро кога ја започнаа утринската турнеја.

Обвинителството на провинцијата Порденоне покрена истрага и нареди прекинување на вежбата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote