Времето денес:
Претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и со постепен пораст на дневната температура, Во сабота ќе има услови за слаб локален дожд, а во недела ќе биде сончево и релативно топло. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на следната седмица.