in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 4 СЕПТЕМВРИ 2023

Времето денес:

 

Од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до силен северен ветер (и над 60 км/час) најизразен во горниот тек на Повардарието. УВ=5

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Под влијание на влажен бран денес времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура претежно за претежно од пет до десет степени. Во вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб до умерен дожд со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote