in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 11 ЈАНУАРИ

Времето денес:

 

Променливо облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

 

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време, денес и во сабота со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote