in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11 ЈАНУАРИ: Еден знак мора да се чува од измама, Вагите добиваат покачување, а Ракот премногу очекува од партнерот

Овен

Рано е да очекувате конкретни промени во вашето опкружување или да се занимавате со големи инвестиции. Почекајте подобри услови. Не можете да игнорирате нечие присуство или јасна порака, затоа обрнете внимание на интересите на партнерот. Избегнувајте лоши навики во врска со исхраната.

Бик

Нечии одговори може да бидат протолкувани на различни начини, но вие ќе имате лошо чувство и ќе се плашите од можен неуспех. Ве вознемирува помислата дека вашиот партнер сѐ повеќе ве запоставува. Тркалото на среќата се врти, бидете потрпеливи. Обрнете внимание на здравјето.

Близнаци

Ќе дејствувате динамично и на соработниците ќе им биде тешко да го следат вашето забрзано темпо. Треба да се прилагодите на нивните потреби. Не се обидувајте да ја сокриете вистината од саканата личност. Кога-тогаш, сѐ излегува на виделина, а не вреди да си го уништите односот за ситница.

Рак

Не се залажувајте дека сѐ што ќе слушнете е вистина или дека нечии ветувања ќе ви бидат доволна гаранција за деловен и финансиски успех. Ќе биде подобро да ја прифатите идејата на партнерот, отколку да направите љубоморна сцена. Избегнувањето на вистината е погрешен избор.

Лав

Договор со помлада личност ќе ви вети заемна добивка или деловен успех. Никогаш доста од внимание и убави гестови – тоа е сѐ што ви треба за заедничка среќа. Слободно уживајте во убавите работи, партнерот ги прави бидејќи ве сака повеќе од сѐ.

Девица

Поттикнете ја вашата љубопитност, но не преминувајте преку „ѕидовите на вистината“. Ве очекува поучно искуство во деловната соработка. Покажете ѝ ги вашите искрени намери на саканата личност. Време е да разбудите некои одамна „заспани“ желби и емоции. Ослободете се од сѐ што ве мачи.

Вага

Обрнете внимание на интересните идеи кои ќе имаат значително влијание врз понатамошниот тек на деловната соработка со колегите. Обидете се да одржите оптимистичко расположение и доверба во партнерот. Некој ќе ве израдува на исклучителен начин.

Скорпија

Сите потешкотии при работењето ќе станат неважни на крајот од денот кога ќе доживеете големо и неочекувано признание за вашиот труд. Ги живеете најубавите денови од врската со вашата сакана личност. Уживајте во сѐ – заслужувате да бидете сакани и да сакате.

Стрелец

Положбата на Месечината ќе влијае на вашата прекумерна сентименталност за време на деловните состаноци. Додека ваша блиска личност решава заеднички проблем, вие упорно ги повторувате „погрешните потези“. Премногу сте вознемирени, најдете начин како да ја канализирате нервозата.

Јарец

Дипломатската нота понекогаш е неизбежна, а деловниот компромис ќе биде единственото правилно решение. Партнерот ќе очекува од вас да заблескате покрај него. Можеби ќе треба малку напор, но секогаш вреди да се проба. Потребна ви е психолошка рамнотежа – пробајте јога и медитација.

Водолија

Подобро е да не се занесувате со некои необични идеи, туку да ја зачувате вашата деловна репутација. Запознавањето со една нова личност во вашиот живот ќе ви донесе големо задоволство и ќе бидете пресреќни покрај неа. За жал, оваа среќа нема да трае долго.

Риби

Потрудете се правилно да ги разграничите своите обврски од интересите кои ве врзуваат за одредени соработници. Не треба да трпите нечие самоволие. Посакувате повеќе интересни настани во љубовниот живот. Запознавањето со една личност може да ви го подобри расположението.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote