in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 23 ЈУНИ 2023

Времето денес:

 

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје:Сончево и топло. Доцна попладне ќе има услови за пороен дожд со грмежи, во делови од котлината и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.T= 34 °C, P= 981 hPa, U= 35 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Денес во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.

Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина доцна попладне и за време на викендот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote