Времето денес:
Променливо облачно со слаб локален дожд, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Попладне облачноста ќе се намалува, а во вечерните часови и во текот на ноќта повторно по котлините ќе има појава на магла.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно и магливо.
T= 9 °C, P= 981 hPa, U= 92 %, V= 1 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува во сабота попладне и во недела.