in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 21 СЕПТЕМВРИ

Времето денес:

 

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Cончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. T= 21 °C, P= 981 hPa, U= 30 %, V= 4 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево со постепен пораст на дневната температура.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote