Времето денес:
Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, па снежната покривка ќе се зголеми. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Воздушниот притисок значително ќе опаѓа, за повеќе од 10 мерни единици.

Временска најава:
Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд, пообилни во недела попладне.
Актуелно предупредување:
Нема
Коментари
Loading…