Времето денес:
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Временска најава:
Утре поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. Дневните температури значително ќе опаднат. Слаби локални врнежи се можни и во недела.
Актуелно предупредување:
Заради продор на студена воздушна маса од север утре ќе има позначителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините со локален снег, претежно во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час. Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо со услови за слаби локални врнежи. Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
Коментари
Loading…