in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 8 ЈУЛИ

Времето денес:

Во текот на денот најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). УВ=6

Денес во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Температурата ќе опадне за 7 до 9 степени.
Во Скопје од попладневните часови, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote