in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 13 МАРТ 2024

Времето денес:

 

Променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови и на крајниот исток со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во следните денови наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote