Вилијам Шекспир е првиот маж кој ја примил вакцината за корона вирус во Велика Британија, Овој 81 годишен старец, според некоја коинциденција го носи истото име како и светски познатиот поет. Вакцинирањето на стари лица започна во Велика Британија вчера и сеуште трае.
Вилијам, кој најверојатно го поминал целиот свој живот во сенка на познатиот поет, сега тој е во центарот на вниманието. Првата жена која ја прими вакцината во Британија, Маргарет Кинан, беше вакцинирана на 90 годишна возраст. Британија моментално користи вакцини само од компанијата Пфајзер.
Коментари
Loading…