in ,

Што?Што?

Зидан се враќа на голема врата и прави сензационално враќање

Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан наскоро би можел да седне на клупата на ПСЖ на местото на Маурисио Покетино, пренесува „Мундо Депортиво“.

Шпанскиот весник пишува дека ПСЖ планира да го направи Зидан најдоброплатен фудбалски тренер нудејќи му договор со кој ќе заработува дури 25 милиони евра годишно.

Челниците на ПСЖ и претставници на Зидан минатата недела одржале состанок на кој не успеале да најдат заеднички јазик за соработка, по што „светците“ веднаш упатиле понуда со која поранешниот тренер на Реал Мадрид би го надминал Диего Симеоне и би станал најдоброплатен тренер на светот.

Новата рунда преговори треба да започне утре во Доха, Катар, и доколку Зидан  се согласи да седне на клупата на ПСЖ, ќе го надмине за еден милион во примања Диего Симеоне како и  Пеп Гвардиола кој има плата од 23 милиони евра по сезона.

Сепак, и покрај неверојатната понуда, Зидан има еден услов, да му биде дозволено да стане селектор на Франција доколку добие таква понуда. Зидан токму поради селекторското столче ги одбива сите понуди на ПСЖ бидејќи очекува по завршување на Светското првенство во Катар да го наследи Дидие Дешан на клупата на „триколорите“.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote