in

УбавоУбаво Што?Што? СлаткоСлатко СмешноСмешно НервозенНервозен WTFWTF ТаженТажен

Дури повкусна од ајвар и малиџано: Оваа зимница им се допаѓа на сите, еве како да ја спремите

Оваа есен направете нешто повкусно од ајвар и малиџано.

Ова е рецепт за славната ловечка салата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 л. доматно пире
  • 2 кг. пиперки
  • 500 гр. кромид
  • 500 гр. морков
  • 100 гр. сол
  • 100 гр. шеќер
  • 100 мл. јаболков оцет
  • 2 лажици магдонос
  • 1 ловоров лист
  • 1 конзерванс
  • 100 мл. масло
  • 6 чешниња лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови, па се меле лукот.

По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер.

Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.

Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша.

Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете во тегли.

Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.

Како ви се допаѓа?

-2 поени
Upvote Downvote