Идеален и вкусен колач за време на зимските денови
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 200 гр. шеќер
- 2 мл. зејтин
- 200 мл. јогурт (грчки)
- 300 гр брашно
- 1 пециво
- прстофат сол
- ванилин шеќер
- 300 гр сушено овошје по желба (смокви, суво грозје, брусница ..)
- рендана кора од лимон
- рендана кора од портокал
- 50 гр. чоколада (по желба)
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер, додадете зејтин и јогурт потоа брашно со пециво и малку сол, додадете кора од лимон и портокал и на крај додадете го сецканото суво овошје.
Печете во предходно загреана рерна на 190 степени околу 40-45 минути.
На крај по желба обилно посипете со шеќер во прав ..
На здравје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…