in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

ЗЛАТЕН РУДНИК ЗА ЗДРАВЈЕ – Црното семе против дијабетес, хеликобактер пилори, астма, рак…

Во арапската култура е нарекувано благословено семе. Интересно е тоа што исламскиот пророк Мухамед рекол за црното семе дека е лек за сите болести освен за смртта. А познатиот грчки лекар Хипократ го користел за лекување на оние кои имале пореметување во метаболизмот и варењето. И традиционалната кинеска медицина повеќе од илјада години го препорачува за многу болести. Почнувајќи од дијабетес, преку пореметувања во варењето, па сѐ до рак.

Благодарение на биолошките испитувања, многу негови дејства биле потврдени кај луѓе кои боледувале од одредени болести.

Во многу западноевропски земји се направени повеќе студии и истражувања кои докажуваат дека маслото од Nigela Sativa е природна материја со богата прехранбена вредност, минерали, аминокиселини, со голема способност за поддржување на системот за имунитет, како и за лекување на многу болести. Современите научни истражувања потврдија дека црното семе е златен рудник на здравје. Според денешните сознанија, црното семе може да излекува и фатални болести, како што се ракот и сидата.

 

Црното семе и маслото од црно семе можат да ги намалат несаканите ефекти од третманите со хемотерапија за разни видови карцином. Тоа содржи различни активни хранливи состојки како Тимокинон. Антиканцерогените придобивки од црното семе и Тимокинонот се тестирани кај пациенти и во лабораториски студии. Меѓутоа, многу е важно да се персонализира исхраната за специфичен карцином и третман за да се добијат придобивките од исхраната и да се биде безбеден.

Сто отсто чистото ладно цедено масло од црно семе го зајакнува имунолошкиот систем, ја прочистува крвта и го штити телото од сите видови болести. Го зајакнува имунитетот, помага во намалување на стресот од секојдневните обврски, делува аналгетски, антибактериски, противвоспалително и антивирусно, помага при крварење, помага при габични инфекции на раце, нозе и нокти, ја зајакнува косата и не дозволува предвремено опаѓање, ниту пак белеење, го регулира нивото на гликоза, триглицериди и сперматозоиди, го намалува високиот крвен притисок, ги заштитува бубрезите и црниот дроб.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote