in

СлаткоСлатко

Сируп од коприва: Најдобар лек за чистење на крвта Овој сок е добар и против ревматизам и артритис

Овој сок е добар и против ревматизам и артритис, а бидејќи копривата има многу железо, го користи и во борбата против анемија. Го пијат дури и оние кои имаат астма и проблеми со кожата. Исто така, се верува дека спречува респираторни и уринарни проблеми, како и губење на косата. Не мора секогаш да го разредувате со вода, можете само да го посипете преку американските палачинки. Ви пренесуваме два рецепта – едниот прилично едноставен, а другиот во комбинација со лимон и мед.

 

Наједноставниот сируп од коприва:

Потребно е: 1 кг ливчиња млада коприва, 2,5 литри вода и шеќер (500 g на секои 500 ml течност).
Измијте ги и исцедете ги листовите од коприва, а потоа натопете ги во вода и динстајте ги на средна температура околу еден час, додавајќи зовриена вода. Процедете, па додадете го шеќерот и мешајте додека целосно не се раствори. Добиениот сируп истурете го во стаклени шишиња и цврсто затворете. (Можете да додадете и листови рибизла на листовите од коприва во сооднос 1:1).

Коприви, мед и лимон:
Подгответе:

околу 400 гр свежи листови од млада коприва, сок од 6 големи лимони, 800 гр шеќер, 5 полни лажици ливадски мед и 1 литар филтрирана вода.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote