in ,

СлаткоСлатко

НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: Оваа жена е со најубавото лице на светот (ФОТО)

По сите мерења, манекенката убедливо го освои првото место на листата на најубави жени во светот со резултат од 94,35 отсто

 

Супермоделот Бела Хадид е прогласена за најубава жена на светот.
Научниците водени од теоријата на златниот пресек ги анализирале и најмалите детали на нејзиното лице, како што се големината и положбата на усните, носот, брадата, јаготките и вилицата. Со пресметка, тие заклучија дека Бела има совршени пропорции.
По сите мерења, манекенката убедливо го освои првото место на листата на најубави жени во светот со резултат од 94,35 отсто, пренесува Daily Mail. Зад Бела, на второ место се најде Бијонсе со 92,44 проценти.

 

„Откако беа измерени сите параметри, беше јасно дека Бела е победник бидејќи резултатот покажа дека таа има совршено лице. Најголем процент постигнала нејзината брада, 99,7 проценти, што е само 0,3 проценти од совршенството“, изјави Џулијан Де Силва, научник кој работеше на проектот.
„Овие целосно нови техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да ја решиме мистеријата за тоа што некого го прави физички убав“, додаде тој.

Аријан Гранде, Скарлет Јохансон и Натали Портман беа меѓу избраните убавици, чии резултати беа многу блиски.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote