in , ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Распродија на вкусови – Бомбици со ореви и сливи

Потребни состојки:

  • – 8 суви сливи
  • – 2 лажички рум
  • – 20 гр сечкани ореви
  • – 125 мл слатка павлака
  • – 185 гр исечкано темно чоколадо
  • – 30 гр растопен путер
  • – какао во прав
  • – 1 лажица цимет

Начин на подготовка:

Во помал сад ставете ги сливите, прелијте ги со рум и оставете ги да отстојат околу два часа.

Загрејте ја павлаката во помал сад додека не зоврие.

Додадете го чоколадото и тргнете го од оган. Покријте и оставете да отстои пет минути.

Добро измешајте ја смесата додека не стане мазна. Додадете путер и повторно измешајте.

Извадете ги сливите од румот и додадете го румот во чоколадната смеса.

Измешајте ги сечканите ореви и сечканите сливи, па оставете ја смесата да се излади додека не се стврдне.

Од изладената смеса формирајте бомбици и валкајте ги во какао прав измешано со цимет.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote