in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ЛЕКОВАТА МОЌ НА ПЧЕНЧКАРНАТА СВИЛА – ЕВЕ КОИ ПРОБЛЕМИ НАЈМНОГУ ГИ РЕШАВА: Направете чај, исфрлете ги сите токсини од телото!

Чајот од пченкарна свила е неверојатен за здравјето – еве како се приготвува и кај кои болести помага!

 

Варената или печената пченка е омилена летна закуска. Без разлика дали сте на плажа, дома, на патување, слаткиот вкус и неодоливото гризење пченка не враќа во детството, но и не тера да внесуваме голема доза на витамини, минерали и растителни влакна.

Меѓутоа, често забораваме на еден дел од пченката кој уште од античко време се користел како природен народен лек – Пченкарната свила. Содржи масла од катран, флавоноиди, сапонини, алкалоиди, витамини Ц и К, железо, манган, алуминиум, хром итн.

Тој е природен диуретик и се користи во народната медицина за детоксикација на организмот, исфрлање на вишокот течности од телото, како и исфрлање на камења и песок од бубрезите и мочниот меур. Неговото лековито својство помага и при гихт, ревматоиден артритис, се користи против камења во жолчката, ги чисти уринарните канали.

Со конзумирање на чај од пченкарна свила ќе ја исфрлите целата вишок течност од телото, а со тоа преку урината ќе го ослободите организмот од токсините, хемикалиите и несаканите соединенија. Важно е во процесот на лекување да користите органска пченкарна свила, односно онаа што не била третирана со пестициди. Можете да го купите и во продавниците за здрава храна и аптеките за билки, а најдобар начин да го искористите е преку чај.

 

Како се прави чај од пченкарна свила? Една кафена лажичка пченкарна свила прелијте ја со шолја (200 ml) ладна вода и загрејте ја додека не зоврие. Покријте го садот и оставете го да отстои 10 минути. Процедете и пијте шолја незасладен чај три пати на ден.

Напомена: Пред употреба на природни лекови, најдобро е да се консултирате со лекар!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote