Чајот од коприва е добар за здравјето на целиот организам
Чајот од коприва е многу корисен пијалок кој помага при одредени болести, но исто така се препорачува и на здрави луѓе како превенција.
Ова растение е богато со витамини А, Б, Ц, како и микроелементи, органски соединенија, јаглехидрати, каротин, дективи на пектин, биофлавоноиди и феноли.
Чајот од коприва е добар за здравјето на мажите, но и за здравјето на жените. Го зајакнува имунитетот, го подобрува видот и го олеснува воспалението. Ги убива бактериите во телото и ги зајакнува крвните садови. Исто така, може да ја подобри работата на цревата, но и да го забрза метаболизмот и на тој начин да придонесе вогубење на телесната тежина.
Постојат индикации дека може да го регулира нивото на холестерол.
Подготовка на чајот:
Чајот од коприва се подготвува со истурање на 200 ml топла вода. Оставете го да делува неколку минути, исцедете го и испијте го. Најдобро би било да го испиете чајот пред појадок, а можеби и да го замените утринското кафе со него.
Коментари
Loading…