in

Челси заслужено ќе игра финале на ЛШ!

Челси ќе ги одмери силите со Манчестер Сити во финалето на Лигата на Шампиони кое ќе се одигра во Истанбул на 29 мај.

Во драматичниот полуфинален натпревар кој се одигра на Стемфорд Бриџ, Челси заслужено стигна до посакуваната победа против Реал Мадрид. Плавците ќе играат англиско финале во Истанбул против екипата на Пеп Гвардиола која претходно го прегази ПСЖ.

Маестралната претстава на избраниците на Томас Тухел и одбраните на Едуард Менди беа доволни за Челси да игра трето финале во ЛШ во нивната историја. Натпреварот заврши со 2:0 за погодоците ги постигнаа Тимо Вернер и Мејсон Маунт.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote