Стефанос Циципас ги прекрши протоколите на Ковид за време на неговиот престој во Мајами, но тој беше само парично казнет.
Циципас, со неговиот татко Апостолос, ја прекрши забраната за напуштање на „балонот“ за време на натпреварот во Мајами, и тој беше казнет за тоа – ќе мора да плати 7.500 долари, иако казната за такво прекршување е дисквалификација од турнирот.
АТП во кратка изјава потврди дека Циципас е казнет, без дополнителни коментари за тоа зошто не бил дисквалификуван кога правилата веќе го бараат тоа.
Странските медиуми исто така привлекуваат внимание на фактот дека тимот на Циципас постојано ги кршеше правилата за носење маски за време на натпреварите.
Коментари
Loading…