in

СлаткоСлатко

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28 ОКТОМВРИ: Лавовите се најхрабри денес, Шкорпијата мора да донесе важна одлука, а ги очекува НОВ ПОЧЕТОК Вагата мора да биде дипломат, Девицата треба да се одмори, а Јарците доаѓаат со промени.

Овен

Работа: Дефинитивно не е период за носење важни одлуки, само доколку сериозно не се консултирате со некој кој сега гледа порационално и појасно од вас.

Љубов: Може да очекувате добро расположение на љубовен план од нова симпатија, која се обидува да ве освои на секој начин.

Здравје: Ви треба повеќе одмор и сон.

 

Бик

Работа: Повеќето Бикови ќе имаат многу работа овој петок, што пред се ќе се одрази на полето на енергијата. Нема причина за грижа, во вашиот воспоставен ритам успевате да се носите со сите предизвици.

Љубов: Уживате во комуникацијата со личност која неодамна сте ја запознале. Уживајте.

Здравје: Зајакнете го имунитетот со внес на витамини.

 

Близнаци

Работа: Денеска ги имате сите предиспозиции да ги покажете своите професионални способности на дело. Посебно се нагласени контактите со странство.

Љубов: Овој ден ви носи солидна клима за воспоставување нови познанства и позитивни љубовни вибрации, па повелете и добро забавувајте се.

Здравје: Поминувајте повеќе време во природа.

 

Рак

Работа: Вашите деловни резултати во текот на овој петок би можеле да ги забележат и колегите и претпоставените.

Љубов: Слободни Ракови, средбите со интересни личности сепак можат да бидат обвиени во тајност.

Здравје: Метеоропатски реакции.

 

Лав

Работа: Повеќето типични Лавови денес би можеле да ги завршат своите деловни обврски за оваа работна недела без никакви пречки или проблеми. Сепак, се советува да се внимава на инвестициите бидејќи не е време да вложувате повеќе пари во бизнисот.

Љубов: Иако во ваша близина има нови симпатии, се е некако површно и несериозно. Почекајте поповолен момент за подобри познанства.

Здравје: Можна несоница.

 

Девица

Работа: И покрај сиот вложен труд и пред се практичноста и трудољубивоста во работата во претходниот период, Девиците би можеле да очекуваат соодветни заслуги.

Љубов: Искористете ги сите ваши адути за заведување доколку се грижите да го привлечете вниманието на личност кон која веќе некое време чувствувате одредена привлечност.

Здравје: Нежност на зглобовите.

 

Вага

Работа: Ако не сакате премногу врева и груби зборови, обидете се да барате компромисни решенија. Користете ги вашите дипломатски вештини.

Љубов: Драга личност поттикнува добро расположение и позитивни емоции кај вас. Искористете го максимумот и уживајте во убавите заеднички моменти.

Здравје: Стрес и напнатост.

 

Шкорпија

Работа: Во текот на овој ден нема непремостливи пречки за вас, што ќе резултира со одличен резултат и добро расположение.

Љубов: Доброто расположение би можеле да го зачините со убави моменти со саканата личност. Подарете нешто убаво.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.

 

Стрелец

Работа: На повеќето Стрелци им претстои прилично успешен и опуштен ден, навреме и со чувство на задоволство да ги завршат сите започнати обврски од претходниот период.

Љубов: Комплетната атмосфера на полето на љубовните врски треба да биде претежно опуштена и поволна за оние членови кои се желни за состаноци, забави и нови познанства. Уживајте.

Здравје: Потребна ви е ментална релаксација.

 

Јарец

Работа: Ќе ви биде тешко да комуницирате со некои колеги, колку и да има взаемна волја и труд. Сепак, некои договори треба успешно да склучите со помош на постарите соработници.

Љубов: Доколку реално сте ги одмериле опциите, нема причина да не покренете барем една иницијатива во љубовната сфера.

Здравје: Можна главоболка.

 

Водолија

Работа: Може да се очекува прилично мирен работен ден, без поголеми турбуленции на полето на професионалните активности за повеќето Водолии. Сепак, советот е да не правите неколку работи истовремено.

Љубов: Тоа е можност да уживате во искрените емоции и внимание што го добивате од саканата личност.

Здравје: Многу добро.

 

Риби

Работа: Некои нови деловни можности би можеле да се отворат денес и да го разубават крајот на оваа не толку лесна работна недела.

Љубов: Уживајте во заедничките активности со саканата личност, препуштете се на чувствата и слушајте ја вашата интуиција.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote