in ,

Што?Што? ТаженТажен

ДЕВОЈКА (20) ПОЧИНА ПОРАДИ ПИРСИНГ ОБЕТКА од 10 долари!! Мајката ОЧАЈНА, инфекцијата и го изеде мозокот

20-годишна девојка починала откако евтин пирсинг предизвикал инфекција. Лекарите се обиделе да ја спасат, но залудно, бидејќи инфекцијата го зафатила мозокот! Андреса Суза (20) отишла во неименуван пирсинг салон на југот на Бразил, а пред два месеци ставила обетка на долната усна. Но набрзо почнале проблемите, изјавила нејзината мајка Марија.

„Платила околу десет долари за да и ја прободат усната, но набрзо добила инфекција. Нејзината усна отекла и поцрвенила, а добила и треска и силни главоболки“, рекла нејзината мајка. Бидејќи семејството живее во дел од Бразил каде што има денга треска, прво помислиле дека Андреса се разболела од болеста и ја однеле на лекар. Кога Андрес била прегледана, веднаш била сместена на интензивна нега, изјавила нејзината мајка.

Пирсингот повеќе не можеше да се отстрани, а Андреса веќе не можеше да зборува ниту да ја движи устата.

Утврдено е дека девојчето има тешка инфекција која се проширила низ крвотокот до мозокот и зафатила 37 отсто од најважниот орган во целото тело. Беше оперирана, но предоцна и помина еден месец на интензивна нега. Таа почина на 9 јули.

Дури и да преживеала, веројатно ќе била во вегетативна состојба поради оштетување на мозокот“, изјавила неутешната мајка за бразилските медиуми.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote