Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 4.299 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани.
Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 42% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина
Со последните бројки 36% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина
Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.
Коментари
Loading…