in

Fitbit! Како фитнес тракерот и помогна на оваа жена да го фати своето момче како ја изневерува!

Ако планирате да изневерувате не заборавајте да ја оставите дома паметната нараквица!

Дописничката на NFL Network, Џејн Слејтер, вели дека го фатила поранешно момче како ја изневерува откако во 4 часот наутро забележала сомнително брзо зголемување на срцевиот ритам и физичката активност на нивната заедничка апликација Fitbit.

Поранешниот дечко и подарил Fitbit заедно да вежбаат и да се мотивираат. Таа се посомневала откако на апликацијата нивото на неговата активност била на врв во 4 часот наутро!

Правејќи го искуството уште поболно, Слејтер, во тоа време, се подготвуваше да го прослави својот роденден. „Бев кај него дома со балони пред роденденот што го планирав следниот ден“. Таа била многу загрижена за тоа каде е тој, па дури и размислувала да повика полиција.

Fitbits и другите уреди имаат точни монитори за отчукување на срцето кои откриваат скокови, вклучително и оние што ги донесуваат интимни моменти. Fitbits имаат и ацелерометар, кој детектира вибрации од движењето.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote