in

ПОТЕГ ЗА ПОЧИТ! Гризман го завршува договорот со кинеската компанија поради нивниот однос кон ујгурските Турци!

Францускиот напаѓач на Барселона, Антоан Гризман го откажа договорот за рекламирање со кинескиот технолошки гигант Huawei поради активностите на Кина во источен Туркестан.

Светски познатиот фудбалер Антоан Гризман објави дека го откажал договорот за рекламирање со кинескиот технолошки гигант поради нејзините активности во источен Туркестан, во изјавата што ја даде по повод Светскиот ден на човековите права. Тој најави дека ги раскинал врските со оваа компанија откако било откриено дека Huawei придонел за развој на системот за препознавање лице. Барселона и нејзините играци ја поддржаа оваја одлука на Гризман.

НАПРАВИ АПЕЛ ЗА УЈКУРСКИТЕ ТУРЦИ!

Гризман, кој даде изјава и на неговиот личен профил на Инстаграм, рече: „По силните сомнежи дека кинескиот технолошки гигант придонесува за развој на „насилството врз ујгурите„ користејќи софтвер за препознавање на лице, веднаш објавувам дека го прекинав партнерството со оваа компанија. Ве повикувам да преземете конкретни чекори што е можно поскоро и да го искористите неговото влијание за да придонесете за почитување на човековите права“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote