in

Хамилтон стигна до јубилејната 100. пол позиција во својата кариера!

Луис Хамилтон стигна до 100та пол позиција во својата кариера на Големата Награда на Шпанија.

Хамилтон со својот Мерцедес беше за само 36 илјадитинки побрз од неговиот директен ривал за титулата Макс Верстапен. Верстапен пак беше побрз за 96 илјадитинки од вториот болид на Мерцедес со кој управуваше Валтери Ботас.

Шарл Леклерк со Ферари ќе стартува на четвртата позиција, а него и неговиот тимски колега Карлос Саинц ги раздели само Естебан Окон со својот Алпин болид. Рикардо е на седмата со МекЛарен и вториот болид на Ред Бул се најде на осмата позиција на гридот. Ландо Норис и Фернандо Алонсо ги коплетираа првите 10 за денешната трка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote