in

Кога е идеалното време за оброк!

Консумирањето храна само по себе звучи многу едноставно, но грешките што ги правиме можат да направат голема разлика. Важно е да се знае дека времето на внесување храна е клучно.

Колку често одложувате појадок или прескокнувате оброк после напорно вежбање? Колку често јадете пред спиење? Дали имате долги паузи помеѓу оброците?

На прашањето кое е најдоброто време за појадок, ручек и вечера, не е лесно да се одговори.

Според експертите за исхрана, секој од трите оброци треба да се зема во одредено време, особено ако сакаме да ја одржиме телесната тежина, пишува Times of India.

Појадок
Би било идеално да појадувате околу 30 минути по будењето, вистинското време би било седум часа.
Важно е да не го одложувате појадокот и да го немате тој оброк после 22 часот. Исто така е многу важно појадокот да биде протеински.

Ручек
Според нутриционистите, вистинското време за ручек е 12,45 часот. Обидете се да направите четиричасовен интервал помеѓу појадокот и ручекот. Овој оброк не треба да го имате по 16 часот.

Вечера
Времето кога треба да го имате последниот оброк во денот е 19 часот. Треба да има интервал од три часа помеѓу тој оброк и спиењето.
Не треба да ја одложувате вечерата за подоцна, особено не по 22 часот. Ако вечерате непосредно пред спиење, тоа може да влијае на сонот и квалитетот на сонот.

Оброци и вежби
Никогаш не правете вежби, особено вежби со тежина, на празен стомак.
Вистински оброк пред тренинг може да биде протеински сендвич, на пример со пилешко или туна, протеински шејк, изматени јајца со интегрален леб или сендвич со путер од кикирики.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote