in

WTFWTF

ШТО КАЖА ТРАМП? Претседателот во заминување најде начин да се изјасни откако му беше блокиран профилот на Twitter! [ФОТО]

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека нема да биде замолчен, откако Твитер трајно ја суспендираше неговата сметка на таа социјална мрежа.

Трамп тоа го објави на официјалниот профил на Твитер на американската влада, обвинувајќи ја социјалната мрежа за задушување на слободата на говорот и промовирање на идеологијата на радикалната левица.

Како што велам веќе подолго време, Твитер сè повеќе се движи кон забрана за слобода на говор, а вечерва вработените во Твитер, во соработка со демократите и радикалната левица, ја отстранија мојата сметка од нивната платформа за да ме замолчат, како и вас, големи 75.000.000 патриоти кои гласаа за мене – напиша Трамп во серија твитови.

Сепак, тие објави беа отстранети само по три минути, но другите корисници на социјалните мрежи успеаја да ги споделат.

Нема да не замолчат! Твитер не ја почитува слободата на говорот, но ја промовира платформата на радикалната левица, каде на некои од најлошите луѓе во светот им е дозволено да зборуваат слободно – истакна Трамп

Трамп им порача на своите приврзаници „да бидат во тек“ и најави дека наскоро ќе објави одлични вести. Тој додаде дека неговиот тим преговара со разни страници, како и дури размислува за „воспоставување сопствена платформа во блиска иднина“.

Иако не прецизираше кои страници ги има на ум, новинарот на Fox News, Шон Ханити навести дека Трамп отворил сметка на платформата Parler, која е блиска до американските конзервативци.

Да потсетиме, компанијата Твитер објави дека трајно ја суспендира сметката на Трамп затоа што, како што објаснија, постои ризик од насилство поради начинот на кој се толкуваат неговите твитови надвор од платформата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote