in ,

СлаткоСлатко Што?Што?

Џеј Ло променила 3 венчаници на раскошната церемонија и не се знае која е поубава

53-годишната пејачка Џенифер Лопез променила дури 3 неверојатни креации за својот голем ден, а сите 3 се волшебни и многу луксузни.

Главната венчаница е со потпис на познатиот моден дизајнер Ралф Лорен, а станува збор за модел кој ја следи линијата на телото до колената, а потоа се шири во огромен шлеп со карнери, долг цели 6 метри.

Оваа креација ја краси и рол крагна, како и проѕирна ткаенина со бели копчиња од сатен на грбот, а Џеј Ло го надополнила изданието со долг, бел вел, бидермаер од бело цвеќе и бисерни обетки.

 

Останатите две венчаници се со потпис на истиот бренд, а се верува дека секоја од нив изнесува од половина милион до дури 2 милиони долари бидејќи се рачно шиени од најквалитетни материјали и содржат скапоцени бисери и кристали.

Новопечената госпоѓа Афлек подоцна се пресоблекла во нешто поедноставна, но прекрасна креација без ракаци и со длабоко деколте украсено со циркони. Оваа венчаница имала интересен вел налик качулка, а пејачката од накит носела само дијамантски обетки.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote