Jurassic World: Dominion започна со подготовките за снимањето на филмот уште пред 18 месеци, уште кога светот беше поразлично место за живеење. Блокбастерот на Universal вреден 165 милиони долари заврши со снимањето вчера во Велика Британија во студиото Pinewood после многу препреки, над 40,000 тестови за КОВИД и милиони долари потрошени на протоколи. Дури и еден член на екипажот беше заразен со вирусот и сите мораа да се самоизолираат.
„Чувствуваме многу емоции. Се разбира во најновиот филм ги имаме легендарните Sam Neil, Laura Dern и Jeff Goldblum, исто така Chris Pratt и Bryce Dallas Howard ги повторуваат улогите, а имаме и неколку нови актери како Mamoudou Athie и DeWanda Wise и секако да не ги заборавиме диносаурусите.“ изјави директорот Colin Trevorrow кога беше запрашан кој се е вклучен во новиот филм.
Коментари
Loading…