in , ,

Што?Што?

Како да го намалите јадежот по убод од инсект?

Ве касна инсект. Најверојатно ве нападнал комарeц. Тоа можеби и не би било потребно да се спомнува доколку не се појавеше мал оток и оној здодевен јадеж (чешање).

Нанесете мраз

Едноставен домашен лек против јадежот предизвикан од убод или каснување од инсект е поставување на мраз.

 

Мразот помага во намалување на отокот околу местото на убод. Воедно тој помага и во намалување на осетливоста во соодветната регија дополнително намалувајќи го непријатното чувство на чешање.

Не се чешајте!

И покрај тоа што чешањето дава моментално подобрување, на подолги патеки ќе ви направи поголема штета, отколку што ќе имате корист.

Со чешање ризикувате настанување на инфекција на местото на каснување. Исто така, чешањето го намалува времето на заздравување, правејќи јадежот да се провлекува подолго време. Во крајна мера може да си предизвикате повреди на кожата, па дури и крварење.

Крем или лосион

Нанесете лосион каламин(кој е мешавина од цинк оксид и железо оксид) и има антипруритично дејство. Овој лосион може да го нанесувате секогаш кога ќе почувствувате чешање.

Може да употребите и хидрокортизонски крем, кој има антиинфламаторно дејство. Овој крем го намалува црвенилото околу убодот, воедно намалувајќи го и јадежот. Сепак не се препорачува негова употреба ниту пречесто ниту предолго.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote