in ,

УбавоУбаво НервозенНервозен Што?Што?

Запишано во вените: Крвната група открива кои болести му се закануваат на вашето тело!

Многу е важно да се знае вашата крвна група. На тој начин ќе можете да го заштитите вашето здравје.

Истражувањата покажаа дека некои крвни групи имаат поголем ризик за развој на опасни болести. Постојат 4 различни и тие имаат многу поголемо влијание отколку што мислат луѓето.

Еве која група е подложна на болести:

 

Згрутчување на крвта

Данските научници утврдија дека некои крвни групи се подложни на формирање тромби во нозете. Тие можат да стигнат до белите дробови и да го загрозат животот. Групите АБ, А и Б имаат најголем ризик од оваа болест, додека крвната група О има 40 проценти помал ризик.

Срцева болест

Зголемен ризик од срцеви заболувања е почест кај луѓето со крвни групи А, Б и АБ отколку кај луѓето со крвна група 0.

Рак на желудник

До неодамна, оние со крвна група А се сметаа за најзагрозени, сепак, новото истражување покажа дека крвната група АБ исто така е во ризичната група.

Намалена плодност

Поради поголемата количина на FSH хормон, жените со крвна група 0 имаат намалена плодност, односно резервата на јајцеклетките е намалена, покажува неодамна објавената студија.

Од друга страна, возраста останува клучен фактор на ризик во однос на плодноста.

Ризична бременост

На бременоста не влијае самата крвна група, туку позитивен или негативен знак.

Имено, кај жени чиј знак е ист со знакот на детето, бременоста не треба да биде проблематична, но ако знакот на мајката и детето се различни, телото на мајката може да создаде антитела кои ќе се борат против крвта на детето. Сепак, ваквото однесување нема да го наруши здравјето на детето, но може да влијае на идната бременост.

Деменција и губење на меморијата

Според студијата, за 82 проценти, луѓето со крвна група АБ се изложени на поголем ризик за развој на когнитивни болести.

Мозочен удар

Заклучено е дека за крвната група 0, има најмалку шанси за развој на кардиоваскуларни заболувања како што е мозочен удар. Луѓето со крвни групи А, Б и АБ се подложни на мозочен удар.

Убод од комарец

Една мала студија покажа дека луѓето со крвна група 0 се попривлечни за комарците отколку оние со крвна група А. Крвната група Б е во златната средина.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote