in

WTFWTF Што?Што?

Канаѓанец со нов светски рекорд за брзо јадење лути пиперчиња (ВИДЕО)

Откако го собори светскиот рекорд, Мајк Џек изел уште 85 од пиперчињата кои важат за најлути во светот. Нивната просечна пикантност е околу 2,2 милиони сковили, додека, на пример, халапењо пиперчињата имаат околу 2.500 до 8.000 сковили.

На видеото објавено на интернет од официјалниот профил на Гинисовата книга на рекорди се гледа како Џек носи црвена лента и ракавици додека јаде пиперки покрај вентилатор. Може да се види како се мачи додека го соборува овој светски рекорд.

Покрај тоа, Мајк Џек држи уште неколку рекорди, од кои едниот е „најбрзото време за пиење шише лут сос“ за нешто повеќе од осум секунди, а другиот е „најбрзото време за пиење литар сос од домати во една минута и пет секунди.“

Претходно оваа година, тој го собори и светскиот рекорд за „најдолг бакнеж со хабанеро пиперче“, откако тој и неговата сопруга изеле хабанеро и се бакнувале 15 минути и шест секунди.

 

 

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote