in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Краставицата е поздрава отколку што мислите: Еве што ќе се случи ако јадете по една порција секој ден!

Полн со витамини, минерали, го хидрира организмот и го зајакнува имунитетот

Краставиците се едни од најдобрите намирници за здравјето на луѓето бидејќи се богати со антиоксиданти и минерали.

 

Краставиците се многу хранливи: содржат витамини Ц и К, Б1, Б5 и Б7, калиум, магнезиум, манган и бакар.

 

Тие се богати со растителни влакна и вода и имаат малку калории (само 16 на 100гр), па затоа се вистински избор за оние кои сакаат да изгубат вишок килограми на здрав начин.

Еве како овој зеленчук влијае на телото:

 

1. Го прихранува здравјето на мозокот

 

Содржи антиоксиданс фисетин кој игра клучна улога во подобрата функција на мозокот. Покрај тоа, краставицата содржи и фосфор. Имено, недостатокот на фосфор во организмот е поврзан со зголемен ризик од невролошки заболувања. Затоа, консумирањето краставица може да помогне во концентрацијата и меморијата.

 

2. Слабеете

 

Високото ниво на вода во краставиците помага во одржување на ситост и контрола на внесувањето храна. Краставицата не содржи маснотии и има ниско ниво на калории, затоа е одлична за слабеење.

 

3. Забрзува варењето на храната

 

Краставиците содржат растителни влакна, витамини и голем дел од водата, што помага вашето варење да работи подобро. Затоа, само една краставица може да ги реши дигестивните проблеми.

 

4. Подобра хидратација и помека и посјајна кожа

 

Краставиците се полни со вода, а со секојдневна потрошувачка го подобрувате вкупното ниво на хидратација на организмот, што е голем плус за здравјето.

Покрај тоа, тие содржат витамини Б и Ц, како цинк, и тие се клучни за убавата кожа. Тие се исто така полни со кофеинска киселина, која има антиинфламаторни својства, а фисетинот во краставицата помага во борбата против првите знаци на стареење на кожата.

 

5. Ја зајакнува косата

 

Витамини од групата Б, како што е рибофлавин, со кој се богати краставиците, се одговорни за одржување на здрава коса. Покрај нив, важни се и биотин и витамин Ц, кои исто така спречуваат предвремено опаѓање на косата и појава на сива коса.

 

6. Може да го подобри кардиоваскуларниот систем и да го намали холестеролот

 

Богата е и со калиум, магнезиум и витамин К, кои се важни за правилно функционирање на кардиоваскуларниот систем.

 

Витаминот К го регулира нивото на калциум во крвта, а намалувањето на магнезиумот и калиумот е поврзано со зголемување на крвниот притисок. Покрај тоа, ако го јадете редовно, можете да го намалите нивото на холестерол.

 

7. Може да го регулира нивото на шеќер во крвта

 

Краставиците содржат цела низа фенолни соединенија кои можат да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

 

8. Ги отстранува токсините

 

Се верува дека краставиците имаат својства на детоксикација, па затоа редовната потрошувачка ги отстранува токсините од црниот дроб и цревата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote