in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ПРЕВКУСЕН ЛЕБ СО МАСЛИНКИ

Состојки:

250 гр брашно, прашок за пециво, 4 јајца, 2 дл масло, 1 дл суво бело вино, 200 гр зелени маслинки, 200 гр салама, 160 гр рендан тврд кашкавал, малку сок од лимон, сол, бибер.

Подготовка:

1. Брашното и прашокот за пециво измешајте ги во сад, на средина направете вдлабнатина, додајте јајца и убаво измешајте со дрвена лажица.
2. Потоа се прелива маслото, се промешува, се додава белото вино и лимоновиот сок, малку се посолува и бибер и се продолжува со мешање додека смесата не стане мазна и хомогена.
3. Зелените маслинки измијте ги под млаз ладна вода, исцедете ги и исечете ги на половина по должина.
4. Саламата се сече на коцки и се додава во тестото заедно со маслинките и ренданото сирење и убаво се меша.
5. Се става во намрсен плех и се пече во загреана рерна на 200 степени 60 минути.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote