ВО рамките на 26 коло во англиската Премиер Лига се сретнаа екипите на Шефилд Јунајтед и Ливерпул. Со трите бода од оваа пресметка си заминаа гостите и конечно ја прекинаа лошата серија во домашното првенство.
Избраниците на Јурен Клоп забелажаа победа од 0-2 по четири последователни порази. Двата погодоци беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Првиот го постигна Џонс во 48 минута, додека во 64 минута Брајан ја затресе сопствената мрежа и го постави конечниот резултат. Ливерпул остана на шестата позиција со 43 освоени бода.
Коментари
Loading…