in

СлаткоСлатко

Мадона го прослави својот роденден во ресторанот на познат готвач од Сараево

Пејачката Мадона го прослави својот 65-ти роденден, а реши да го прослави во ресторанот на готвачот Љубомир Станишиќ, роден во Сараево.

Пејачката организираше прослава во ресторанот Bistro 100 Maneiras, а објектот на својот Инстаграм профил објави видео со ретроспектива на кариерата на Мадона и видео како таа ги дува свеќите.

“Среќен роденден, драга Мадона! Ви благодариме што го одбравте нашиот ресторан да го прославиме вашиот роденден. Чест е да ви бидеме домаќини на вас, вашето семејство и пријателите”, напишале во објавата.

Ресторанот „Bistro 100 Maneiras“ од Лисабон е прогласен за најдобар во светот во традиционалниот избор на престижниот британски магазин Monocle за 2017 година.

Сопственик и главен готвач на овој ресторан е Љубомир Станишиќ од Сараево, кој го напуштил главниот град на Босна и Херцеговина во 1992 година и изградил кариера во Португалија.

Љубомир е една од најголемите ѕвезди на светската кулинарска сцена, неговото шоу Папа Километри со години беше меѓу најгледаните на каналот 24kitchen, со специјалци од ѕвезди како Џејми Оливер и покојниот Ентони Бурдејн.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote