Пробајте го овој рецепт и направете десерт во чии залчиња ќе уживаат сите домашни
Мафините стануваат сè попопуларни кај нас. Одлични се за секоја прилика, а овој рецепт во комбинација со портокал ќе ве остави без здив.

Состојки:
- 1 чаша овесни снегулки
- 1/2 чаша сок од портокал
- 1/2 чашапроварена вода
- 1/2 чаша путер
- 1/2 чаша кафеав шеќер
- 2 јајца
- 1 шолја суво грозје
- 1 шолја брашно
- 1 лажичка прашак за пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка сол
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200°C. Во калапите за мафини ставете хартиени кошнички.
- Помешајте ги овесните снегулки, сокот од портокал и водата, добро измешајте и оставете ја смесата да отстои 15 минути.
- Во еден сад измешајте ги путерот и шеќерот, додадете ги јајцата и добро измешајте. Додадете го и сувото грозје и смесата со овесните снегулки. Во друг сад измешајте ги брашното, пецивото, содата и солта и соединете ги двете смеси.
- Ставете го тестото во подготвените калапи и печете околу 25 минути.
На здравје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…