in

Манчестер Сити ќе игра полуфинале во ФА купот!

Манчестер Сити успеа да обезбеди полуфинале во најстарото европско натпреварување во доцната фаза од натпреварот против незгодниот Евертон. Ова е трета сезона по ред во која Сити игра полуфинале на англискиот ФА куп.

Изгледаше дека ќе гледаме дополнителни продолженија од тврдиот натпревар кој се одвиваше на Гудисон Парк, но најпрвин Гундоган стрелаше во 84тата минута и ја згасна надежта на „Карамелите“. Само 6 минути подоцна Де Брујн стави точка на натпреварот и го однесе Сити во полуфиналето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote